Спирулина, најкомплетната и најмоќната храна на светот

 

Спирулината е најбогатиот извор на хранливи состојки со концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човечкиот организам .

  • Спирулината е модрозелена алга извонредна комбинација на Б- керотин, белковини, хлорофил, Б-витамини, ензими, минерали, Гамалиноленска  киселина. Таа е една од најстарите фотосинтетски форми на живот кои создавајќи кислород во атмосферата овозможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата. Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијадри години и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопствената ДНК.

Спирулината има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Во својата структура ги содржи сите есенцијални амино киселини во идеален сооднос. Единствено спирулината и мајчиното млеко содржи доволно количини на линоленска киселина, важен учесник во регулирање на хормонскиот систем на организмот. Таа има природни антифламаторни својства и делува превентивно против разни воспалителни процеси. Ги обновува мозочните клетки .

  • Неверојатно богатство од антиоксидирачки комплекс од најмалку 10 каротеноиди. Оваа смеса од каротеноиди и ксантофили позитивно делува на различни места во организмот, во синергизам со другите витамини, минерали и фитонутритиенти. Ваквата комбинација содржана во Спирулината има поголем ефект отколку синтетичките препарати со Б-каротен.
  • Таа е најголем извор на Б-12 кој е неопходен за оформување на црвените крвни клетки. Богатствоод  B-1 (гиамин), кој учествува во функција на нервните клетки, витамин Б-2 (рибофлавин), кој учествува во енергетскиот метаболизам на јаглехидратите и протеините и ниацин потребен за правилна функција на нервниот систем и синтеза на сексуалните хормони.
  • Најдобар природен извор на железо со 10 пати поголема застапеност од било која друга храна, и неверојатни 23% побогата со железо од спанаќот. Железото со кое е богата спирулината двојно повеќе се апсорбира за разлика од класичните синтетички препарати.

Спирулината содржи двојно повеќе ензими кои се катализатори на хемиските процеси. Еден од нив е супероксид дисмутаза кој игра важна улога во врзувањето на слободните радикали со што се забавува процесот на стареење.

  • Таа е природен извор на протеини, без маснотии и холестерол, кој го спречува чувството на глад бидејќи ја надополнува потребата на организмот за хранливи материи. Претставува производ со голема моќ на прочистување бидејќи ги истиснува токсините од ткивата на лимфата и ги нормализира органите за варење. Нејзиното секојдневно консумирање ќе Ви помогне во намалувањето и одржувањето на телесната тежина, а истовремено ја задржувате виткоста и свежината на телото.

Спирулината е одлична за луѓе кои долго и напорно тренираат, рекреативно или професионално се бават со спорт или друг тип физичка активност. Таа обезбедува протеини кои лесно се разградуваат, а не содржат непотребни маснотии. Погодна е за консумирање пред натпревари бидејќи дава големо количество енергија и сила. Ако се користи пред јадење таа го задоволува апетитот и ја намалува потребата за внесување непотребни калории со што телесната тежина на спортистот се одржува на саканата вредност.

Повеќе на zdravjeizivot.mk

27.05.2014 - 19:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега