Почина некогаш најдебелиот човек на светот
На 48-годишна возраст почина Мексиканецот Мануел Урибе, кој со неговите 560 килограми тежина влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдебел човек во светот, соопштија лекарите.
„Благодарејќи“ на оваа тежина Урибе во 2006 година беше запишан во Гинис.
Агенциите јавија дека одреден период тој бил на диета и успеал да ослабне и својата тежина да ја „сведе“ на 394 килограми.
Мексиканецот, меѓутоа на 2 мај беше примен во универзитетската болница во градот Монтереј поради неправилни срцеви отчукувања и болки поврзани со губење на течност во нозете.
Со кран тој бил префрлен во болница, затоа што немало друг начин да биде изваден од домот. Тој не можел да оди.
Во 2008 година Урибе се венчал со Клаудија Солис, а на церемонијата бил донесен со кран. Неколку американски медиуми тогаш го платиле правото да ја пренесуваат венчавката.
Миксико е една од државите во кои дебелината доби епидемиски размери, со 71 процент дебели луѓе меѓу возрасните и една третина кај децата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа