Остра осуда за насилството во Ѓорче Петров од страна на татковците на скопските општини
Координативното тело на градоначалници од Скопје на денешната средба разговараше и ги осуди безредијата што се случуваа во текот на изминативе денови во општината Ѓорче Петров и воедно изразија длабоко жалење за убиството на матурантот Ангел Петковски.
- Градоначалниците на сите скопски општини и на Градот Скопје испратија остра осуда на насилството кое се закани да се прелее и во другите скопски општини. Градоначалниците апелираат до граѓаните да се воздржат од безредија и насилство, за да се врати мирот и безбедноста во Ѓорче Петров, соопштија од канцеларијата на Град Скопје.
Меѓу општините Ѓорче Петров и Сарај, се додава, и претходно имаше одлична соработка, како и меѓу сите останати скопски општини, а градоначалниците во соработка со МВР со заеднички напори работат за смирување на состојбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа