Општината Ѓорче Петров апелира: Да се врати мирот по вчерашното убиство

 

Советот и градоначалникот  на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии. Тие ги повикуваат надлежните институции на Република Македонија, а посебно Министерството за внатрешни работи да ги превземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста, и заштита на животот и имотот на граѓаните.

- Советот и Градоначалникот  на општина Ѓорче Петров, ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Од општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство, се вели во писменото соопштение до медиумите.

За потсетување, вчера Ѓорче се крена на нозе откако беше убиен 19-годишниот Ангел П. во близина на Европската очна клиника. Како што информира МВР, убиството е веќе расчитено, а убиецот Насер Е. е приведен.

Инцидентот се случил откако Насер Е. влегол во куќата на убиениот Ангел и одзел велосипед. Тоа го забележале Ангел и татко му поради што Насер Е. почнал да бега. Потоа Анегел и татко му со возило почнале да го бркаат, а кога се доближиле кај насипот на Вардар продолжиле да го бркаат пешки. Ангел прв го стигнал при што дошло до физички контакт меѓу нив во кој бил смртно повреден.

Повеќе детали прочитајте тука.

20.05.2014 - 09:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега