Скопјани ќе се спасат од комарците
Во Скопје утре и задутре ќе биде извршено прскање против комарци од воздух и од земја, информира Град Скопје.
Авионското прскање е планирано за недела и понеделник од 5:30 до 8:00 часот. Прскањето од земја ќе се одвива од 19 до 23 мај во периодот од 23:00 до 4:00 часот.
Доколку временските услови ја оневозможат аеросолната дезинсекција, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Град Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа