СДСМ не може да си најде опозиција
Социјалдемократите не можат да си најдат опозиција на самите себе си во новиот „парламент во сенка“ кој наводно планираат да го формираат. Чудно но најверојатно вистинито, покрај Владата во сенка која Заев ја најавил на денешниот Извршен одбор, за прв пат во политичката историја ќе се формирало и Собрание во сенка. Во него според најавите би требало да членуваат оние 123 пратеници кои ќе ги вратат мандатите. Единствен проблем кој социјалдемократите треба да го решат е кој ќе им биде опозиција во тој парлаелен парламент.
Нејасно е и кој ќе ја предводи Владата во сенка, бидејќи Заев е градоначлник и нема време постаојано да патува на релација Струмица - Скопје особено ако се има предвид резултатот од последните избори кои покажаа дека и во негиовт град, позицијата градоначлник веќе не му е сигурна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа