Тетовчанка ја олеснила сметката на татко си за 700.000 денари

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(28) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие“ и „злоупотреба на платежна картичка“.

На 12.08.2024, нејзиниот татко пријавил дека при проверка на својата трансакциска сметка во банка, вработен во банката го информирал дека на неговата трансакциска сметка има 25.590 денари, иако требало да има 720.000 денари.

Од доставениот извештај од банката била утврдена злоупотреба на неговата платежна картичка во периодот од 12.08.2023 до 03.01.2024, каде преку апликација, парични средства биле префрлени на социјална мрежа од страна на пријавената, која ги знаела неговите податоци.

08.11.2024 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега