Состојбата на повредените од страотната несреќа стабилна - ова се новите детали

Подобрена е здравствената состојба на пациентката што беше згрижена на КАРИЛ, повредена во сообраќајната несреќа што се случи завчера кога воз удри во автобус на премин во близина на Сарамзалино.

- Таа сега самостојно дише и е префрлена на Клиниката за неврохирургија. Во Универзитетските клиники се уште болнички се  лекуваат осум пациенти од сообраќајната несреќа. И натаму сите се во стабилна здравствена состојба без загрозување на живот, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање.

На КАРИЛ се лекува еден пациент, кој е во стабилна здравствена состојба.

На Неврохирургија има два пациенти, од кои еден со фрактура на черепот и крварења од увото, како и пациентката што повторно е вратена од КАРИЛ.

15.05.2014 - 13:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега