Паднаа тројца разбојници: Извршиле кражби во неколку куќи во Прилеп
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека при претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.
-Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
19.03.2025 - 12:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа