„СДСМ се фатени на дело“

 

Социјалдемократите се фатени на дело. Нивните правни ујдурми со кои ги манипулираа граѓаните пред изборите излегоа на површина. Професорката по уставно право на Правниот факултет во Скопје Татјана Каракамишева за Сител вели дека опозицијата сама се заплетка во своите правни ујдурми.

Наместо да го трошат времето за правни игри и правни ујдурми подобро би било да се сконцентрираат на прашања врзани со развојот на државата и со стратегии за тоа како Македонија треба да изгледа во наредниот период врзано од нивниот аспект, како СДСМ  да понуди одредени концепти кои што би биле конкурентни на власта, наместо да се занимаваат со вакви игри и играрии“ - вели Каркамишева за Сител.

Таа додава дека кндидатите за пратеници се жртви на партиските политики бидејќи со вериикацијата на мандатото во Собранието, согласно законот тие ги губат своите работни места кои претходно ги имале. 
Според Каракамишева, одлуките за враќање на мандатите самопокажуваат дека СДСМ во предизборието ги манипулираше своите гласачи.

„Фатени се на дело дека тие всушност својот дел од гласачкото тело го манипулирале и го злоупотребувале бидејќи е веќе јасно дека сите социјалмдемократи кои беа повикани да гласаат за оваа партија на некој начин однапред беа ставени во игра на непроифаќање на мандати односно на оваа игра на враќање на мандати што значи дека на некој начин биле изборно манипулирани односно ставени во заблуда дека нивната функција ќе ја вршат чесно и во согласност со законот“ - вели Каракамишева.

Таа смета дека сите случувања поврзани со СДСМ во периодот по изборите се однапред смислено сценарио.

15.05.2014 - 00:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега