Заев ја изгоре Софија Куновска
Социјалдемократите им направија вистински хаос на своите пратеници, кои на последните избори го добија мандатот од граѓаните. Дел од нив веќе се соочуваат со проблеми на старите работни места бидејќи согласно законот, фунцијата пратеник се врши професионално и не е споива со другите функции.
Поради одлуката на раководството на СДСМ, тие не можат да поднесат оставка во Собранието а истовремено, се соочуваат со можноста да си го загубат работното место.
Најинтересен е случајот со претседателот на скопскиот огранок на СДСМ, Софија Куновска која најверојатно ќе ја загуби советничката функција во Град Скопје бидејќи е избрана за пратеник и не може истовремено да биде на двете позиции.
Социјалдемократите пополаднево преку порталите на СОРОС излегоа со информација дека за верификацијата на мандатите во Собранието веќе испратиле тужба до Управниот суд во која бараат преку времена мерка Судот да ја стопира оваа „одлука“ на Собранието
Сепак, законите се јсни и велат дека Собранието нема законска можност да не ги верификува мандатите и покрај изјавите кои пратениците на СДСМ ги испратија заверени на нотар. Законот вели дека Собранието не одлучува во овој случај туку само го верификува извештајот кој му го доставил ДИК, кој е потпишан од претседателот Никола Рилковски, член на СДСМ и Виолета Дума која во Државната изборна комисија исто така е предложена од најголемата опозициска партија.
Експертите се сомневаат дека СДСМ воопшто нема намера да ги врати мандатите туку само да држи тензија. Според нив, доколку опозицијата сака да го спроведе она за што донесе одлука на своите партиски тела, односно бојкот на Собранието се што треба е да испрати оставки до македонскиот законодавен дом. Сепак, цела недела по конституирањето, опозиционерите молчат и наместо оставки, преку медиумите кои ги држат под контрола испраќаат пораки дека власта насилно им ги верификувала мандатите.
Експерти за Press24 велат дека доколку социјалдемократите не реагираат брзо и не поднесат оставки во наредните неколку дена, може лесно да се случи да ги загубат позициите кои претходно ги имале. Според нив, доколку Куновка поднесе оставка во Собранието, нема да има никаков проблем да си го задржи советничкиот мандат во Град Скопје. Во иста ситуација се и професорите кои предаваат во факултетите низ земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа