Одложено судењето на Вранишковски

Апелација ја одложи јавната седница за случајот Расколник во кој првообвинет е расчинетиот владика Вранишковски.

Неговата одбрана тоа го коментира како неодговорност на судот. Според информациите, Вранишковски денеска не бил спроведен на седницата на Апелација и покрај тоа што од Судот велат дека било испртено уредно барање. 

Ново рочиште е закажано за 18 јуни, за случајот во кој Вранишковски е обвинет за проневера на 250.000 евра црковни пари и обид за нивно перење преку купување на имот и земјиште во Скопје и во Штип на име на ПОА и нејзините припадници.

14.05.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега