Османи: Ако влеземе во НАТО ќе го признаеме Иванов

 

Портпаролот на ДУИ, Бујар Осмни во изјава за АлсатМ вели дека неговата партија е подготвена да ја признае леитимноста на претседателот Ѓорѓе Иванов доколку Македонија направи компромис и стане дел од НАТО на самитот во септември

„Имаме историска можност во септември да станеме членка на НАТО. За нас приоритет е членството на Македонија во НАТО и ги кажавме причините за тоа, бидејќи тоа е основа за унапредување на нашето прашање. За нас приоритетно е Македонија и Албанците во Македонија да бидат таму каде што заслужуваат. Така што сите компромиси во насока на нашите интеграции во НАТО, ние сме спремни да ги направиме“ - рече портпаролот на ДУИ Бујар Осани во изјава за Алсат

13.05.2014 - 22:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега