Македонец го спасил животот на сведок при судење во Охајо

 

Јован Лашковски, лекар во американскиот град Ејкрон,  од Македонија, го спасил животот на сведок за време на судење минатата недела.

Како што јавуваат медиумите од Охајо, Лашковски бил во поротата за време на судски процес во Окружниот суд во Ејкрон, кога сведок кој бил повикан претрпел напад. За време на сослушувањето, сведокот почнал да се тетерави и да губи свест. Лашковски му дотрчал на помош на сведокот, и му помагал додека не дошла итната помош. Џој Малек Олдфилд, судијата кој го водел процесот, ја поздравил несебичноста на доктор Лашковски.

- Денес видовме колку е важно граѓаните да ја исполнуваат својата обврска да служат во порота. Доктор Лашковски го жртвуваше своето скапоцено време да ја исполни оваа должност и денес особено ни е драго што го стори тоа, изајви судијата Олдфилд.

Лашковски е ортопед од клиниката Кристал во Ејкрон.

Извор: МИА

13.05.2014 - 18:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега