Повредените во страшната сообраќајка се надвор од животна опасност
Седум лица кои беа повредените во несреќата кај Сарамзалино се примени во скопскиот Ургентен центар.
За среќа, ниту еден од нив не е во животна опасност.
Директорот на Ургентниот центар, Реџеп Селмани информираше дека од примените пациенти, тројца се хоспитализирани на КАРИЛ, тројца на Клиниката за трауматологија.
-На еден од пациентите пред малку му беше извршена успешна хируршка интервенција и се наоѓа во стабилна здравствена состојба. Од примените во КАРИЛ една пациентка е на респиратор со нагмечување на белите дробови. Нејзината состојба е малку посериозна, но стабилна и се наоѓа вон животна опасност, истакна Селмани.
Директорот на Клиниката за Неврологија, Александар Чапаровски посочи дека пациентот кој е примен на неговото одделение е во стабилна состојба, со скршеницата на базата на черепот, но е свесен и контактибилен, додека втората пациентика е со нагмечување на белите дробови, но во стабилна состојба.
-Останува да ја следиме состојбата и ќе превземаме сите мерки за да им помогнеме на пациентите, нагласи Чапаровски.
Во судирот меѓу воз и автобус утрово беа повредени 26 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа