Пензионерите и во недела ќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП

 

Радост за пензионерите. Од идниот викенд ќе можат бесплатно да се возат со автобусите на ЈСП и во недела.

Со оглед на тоа што Парламентот е веќе конституиран, не постојат пречки за одлуката да почне да се применува.

Инаку, до сега пензионерите се возеа бесплатно во вторник, петок и сабота, а одлуката за „бесплатна недела“ беше донесена уште пред изборите, но не можеше да се применува заради одредбите во Изборниот законик.

Според предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, бесплатен градски превоз ќе се овозможи и за студентите во четврток.

13.05.2014 - 14:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега