Oтворена изложбата на графики „Кумановски графичари 2013 година“

Во Центарот за култура во Крива Паланка синоќа е отворена изложбата на графики „Кумановски графичари 2013 година“.

На изложбата се претставуваат седум уметници, Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јакимовска, со 20 дела во кои преовладуваат различни мотиви.

- Во делата доминира полихромната графика со акценти специфични за секој автор поединечно, истакна Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Изложбата ќе трае до крајот на месецот по што ќе биде претставена и во поголемите културни центри низ Македонија.

13.05.2014 - 09:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега