Министерството за здравство со детали за повредените во пожарот во Кочани

Продолжува лекувањето на пациентите во земјава и во странство, соопшти Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти.
На Клиника за пластична хирургија во моментот се хоспитализирани - 10 пациенти,
На Клиника за токсикологија - 10,
На Торакална - 4,
на трауматологија - 2,
на Детска хирургија - 4,
на КАРИЛ - 13,
На Клиника за пулмологија - 2,
Во ГОБ 8 септември -17,
Во Хируршка клиника „Св Наум Охридски“ -11
Во ОБ Штип - 2
„Според информации од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение.
Во Литванија - четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно.
Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти, кои се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат.
Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се стабилни во моментот.
Во текот на ноќта се очекува пациенти да бидат упатени во европски центри, за што Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која ни се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери“, стои во соопштението од Министерството за здравство.
18.03.2025 - 21:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа