Традиционални спортски игри на Здружението на пензионери во Аеродром

Во организација на Здружението на пензионери „Солидарност-Аеродром“ денеска пред пензионерскиот дом „Јане Сандански“ ќе се одржат традиционалните рекреативни спортски игри.

Во игрите ќе учествуваат петте ограноци на Здружението.

„Солидарност-Аеродром“ за идниот вторник најавува регионална ревија на песни, музика и игри во Домот на армијата на која ќе учествуваат и здруженијата на пензионери од Кратово, Крива Паланка, Куманово, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, како и воените пензионери. Влезот за сите пензионери и гости е бесплатен.

13.05.2014 - 09:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега