120 фармацевти добија сертификати за знаковен јазик

120 фармацевти од Р. Македонија денеска добија сертификати за успешно завршени обуки за знаковен јазик за глуви и наглуви лица.

Сертификатите на фармацевтите и на 6 нови толкувачи на знаковниот јазик свечено им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

-Сметам дека со овој проект ќе ја постигнеме целта, а тоа е реализирање на повисоко ниво на комуникација помеѓу фармацевтите и глувите лица и со самото тоа подобар квалитет на услугите кои што ќе им се нудат на глувите лица, истакна Спасов,додавајќи дека и во наредниот период ќе има конкретни активности за намалување на бариерите со кои се соочуваат глувите и глувонемите лица. Обезбедени се средства за дополнително обучување на нови 40 толкувачи со што значително ќе се зголеми бројот на лиценцирани толкувачи за знаковниот јазик, а ќе се продолжи и со подобрување на условите за глувите и наглуви лица.

Претседателот на Фармацевтската комора на Македонија, Бистра Ангеловска истакна дека со учење на знаковниот јазик фармацевтите ќе можат да ја остварат основната цел на професијата, а тоа е добра комуникација со сите луѓе и добивање на повратана квалитена иформација дали пациентот разбрал како да го употребува лекот и сетоа тоа што го инетерсира за лекот и начинот на лекување.

-Ова претставаува еден голем чекор напред во обезбедувањето на квалитетни здравствени услуги од старна на фармацевтите и верувам дека и другите колеги од областа на здравството ќе покажат интерес за вакви или слични обуки за подобрување на комуникацијата со лицата со кои што по самиот редовен пат комуникацијата би одела отежнато, потенцираше Анѓеловска.

12.05.2014 - 13:24
Фото: 
Лидер.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа