Си ја разбудил сопругата од кома - еве како
48- годишната Марија Нил од Велика Британија на денот на својот 46. роденден изгубила свест, а на патот до болницата доживеала тежок мозочен удар.
Направена и била тешка операција на мозокот и била во кома. Лакарите се обиделе постепено да ја разбудат, но бидејќи ни после 7 дена не реагирала, на семејството му било речено да се збогува со неа.
Наместо да се збогува нејзиниот сопруг и ја пуштил нејзината омилена песна на која играле за време на венчавката и се случило чудо.
Стив и Марија имаат 4 деца, синовите Кертис(20), Киран(18) и Камерон(16) и ќерката Марија(21) која вели дека никогаш нема да го заборави тој ден:
- Со часови и зборувавме, се обидувавме да направиме се, за да ја натераме да реагира. А тогаш татко ми ја сними таа песна на телефон и и ја пушти на мајка ми, додека солзи му течеа од лицето и паѓаа врз неа. Срцето ми се кинеше додека ги гледав, но таа тогаш ја помести раката и после неколку дена почна да реагира- се присетува таа.
Лекарите биле вчудоневидени поради будењето на Марија, како што тие велат само „Чудо“ ја спаси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа