Кои хороскопски знаци најмногу си одговараат во кревет?
Овен
Сака да покажува доминација во креветот. Сексуална енергија има на претек и е многу страстен. Ги сака сите пози во кои може да диктира темпо и да го потчини партнерот. Добро се согласува со сите водни и воздушни знаци.
Бик
Исклучително е сензуален и креативен и има неверојатна дарба да почувствува што е она што му одговара на партнерот и што најмногу го возбудува. Ги сака сите пози и долга предигра. Посебно му одговараат личности родени во знакот на Скорпија, како и другите водни знаци.
Близнаци
Иако не спаѓа во групата на сексуални знаци, сепак знае да изненади. Најсилно оружје на овој знак е моќта на заведување. Сака да зборува во тек на сексуалниот однос. Му одговараат акробатски пози, а одлично се вклопува со Стрелец и Водолија.
Рак
Исклучиво емотивен, Ракот најпрво треба да го сака партнерот кој ќе го одведе во кревет за да може да покаже што умее. Во спротивно, нема да биде доволно инспириран. Ги сака сите пози во кои може да биде што поблизу со партнерот. Најмногу му одговараат земјени знаци.
Лав
Желбата да биде најдобар не го напушта ни во сексот – секогаш е спремен на сè. Сака жесток и активен секс и пози во кои ќе може сè да набљудува. Си одговара со Овен и Вага.
Девица
Овој знак има тешкотии додека се опушти во креветот, па затоа најмногу сака класични пози, како што е мисионерската. Добро се согласува со Јарци и Риби.
Вага
Ужива во заведување и многу бара од партнерот. Смета дека го заслужува најдоброто, а исто така и го дава најдоброто. Сака пози во кои ќе може да ги истакне нејзините способности. Се согласува со Водолии и Овни.
Скорпија
Во врската на овој знак, сексот е сè, па затоа во креветот е повеќе од добра. Сака невообичаени пози. Си одговара со Бик, Риби и Рак.
Стрелец
По природа е ладен и некреативен, па затоа сака конзервативни пози и пози во кои партнерот ќе доминира. Си одговара со Скорпија, Бик и Рак.
Јарец
Во креветот е многу слободен и оригинален, но склон е кон чести авантури. Го возбудува сè, посебно провокативен изглед. Најмногу сака пози во стоење. Му одговараат сите огнени и воздушни знаци.
Водолија
Овој знак во сексот сак ада експериментира. Она од кое другите се срамат, нему му е привлечно. Го возбудува шепотење на уво. Се вклопува со Близнаци и огнени знаци.
Риби
Во креветот знаат да создадат вистинска магија. Посебно ги возбудува мазење на стапалата и страстен бакнеж. Ги сакаат сите градни пози. Најмногу им одговараат Ракови, Скорпии и Девици.
Извор: Црно бело
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа