Тодоров за случајот Ставриќ: Нема ништо полошо од тоа доктор да земе пари за здравје

Треба да градиме систем, особено здравствен систем кој ќе биде целосно ослободен од поткуп.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар во врска со притворот на доктор Дејан Ставриќ. Очекувам, посочи министерот, надлежните органи во државата во согласност со Законот да ја спроведат постапката и да донесат правична одлука.   

- Како правник целосно ја почитувам презумцијата на невиноста и очекувам судот во една процедура која е пропишана во согласност со Закон да ги утврди фактите и околностите и да ја утврди вистината, дали тоа се случило или не. Ако се утврди дека тоа е вистина тогаш треба сериозно да се казни, рече Тодоров. 

Како човек и како министер за здравство, посочи тој, искрено ми е жал  доколку се утврди дека тоа е точно во судска постапка, дека се уште постојат луѓе во здравствениот систем кои сметаат дека може да земаат поткуп и да поминат неказнето. 

- За мене лично како човек нема ништо полошо од тоа доктор да земе пари од пациент за да му обезбеди определена здравствена услуга или за здравје народски кажано, особено што не станува збор за мала сума, станува збор за голема сума, додаде Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Нацрт верзијата на првиот Водич за исхрана на населението.

08.05.2014 - 14:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега