Девет причини поради кои мажите ги оставаат своите жени

 

Си сакала да го промениш

Во почетокот ти се допаѓало се кај него. Потоа со време си видела дека би можел да го промени однесувањето кога е седнат на маса, дека би требало почесто да се бриче, дека половина од работите во плакарите му се погрешни... Додека ти се обидуваш него да го промениш, тој тебе ќе те замени со некоја друга, жена со помалку очекувања. 

Често те боли глава

Ова е можеби најголемата грешка која жената може да ја направи во врската или бракот - да одбие секс. ОК е понекогаш кога навистина те боли глава, но честата мигрена со ништо предизвикана, нема кај него да предизвика сожалување, туку нагон за потрага по жена од посилен материјал. 

Го знаеш како сопсвениот џеп

Ако е така, тој брзо ќе излезе од тој тесен простор кој го гуши. Мажите ги сакаат своите „ѕидови“ и немој да се обидуваш да ги срушиш. Пушти го доброволно ќе го наруши темпото кое најмногу му одговара. Не брзај - и тебе ќе ти биде занимливо. 

„Ожени ме“

Долагата врска е релативе поим. За некој тоа се шест месеци, за некои шест години. Доколку сакаш брак и деца, мораш внимателно да балансираш своите намери и неговата страна за да бурмата на рака да го стегне и околу вратот. Доколку нема трпение оди сама. Нема да го добиеш тоа што си го барала, но ќе добиеш празен простор за некој нов маж кој го сака истото што и ти. 

Тој е секогаш во право

Убаво е да има такт и што си подготвена на компромис, но кога ќе дојде до кавка меѓу двајцата кажи му што ти смета. Достоинството е најпривлечно од сите особини. 

Секогаш си достапна

Тоа значи дека си потенцијално досадна. Мажите се ловци, а подраг е оној плен до кој тешко може да се дојде. Ако ти не припаѓаш во таквите, брзо ќе те откачи меѓу останатите трофеи и ќе тргне во нов поход. 

Ти не си вистинската

Не се само жените „оптимистички суштества“ И мажите носат розеви очила на почетокот на врската. Кога ќе ги тргне не можеш на сила да му ги вратиш. Не, не, горе главата и продолжи понатаму. 

Ти изгорел ручекот

Нема да те остави по еден невкусен ручек, дури ни по година гладување. Ќе те остави кога ќе свати дека воопшто не се трудиш околу него, а подготвувањето на храната е само еден од начините до некој да му покажеш колку го сакаш. Мажите тоа никогаш нема да го признаат. Но, тие сакаат некој да се грижи за нив, нежно и внимателно, баш како мајка. Така да пеглата во рака, или барем собери ги кошулите и однеси ги на хемиско чистење. 

Љубоморна си

Ти зборува за новата супер колешка, или комшика. Да твојот аларм за љубомора има причина да се активира, но не и да ѕвони без престан. Кучето кое лае не каса, освен ако не му земеш коска“. 

 

 

08.05.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега