Тројца пратеници на СДСМ преминуваат во ГРОМ?

 

Tројца пратеници од листите на СДСМ кои беа избрани за пратеници на изборите на 27 април, преговараат за преминување во партијата на Стевчо Јакимовски, Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ, која освои еден пратеник во изборната едицина еден, пренесува „Денешен“ повикувајќи се на партиски извори.

Откако минатата недела во јавноста се појавија гласини дека дел од пратениците на СДСМ преговарале со ГРОМ, информацијата денеска добива потврда од добро упатени извори од ГРОМ.

Имињата на тројцата пратеници засега се чуваат во тајност. Единствен кој знае и кој преговара со нив е Стевчо Јакимовски. Изворите велат дека откривањето на нивниот идентитет ќе значи дека тие ќе бидат изложени на силен и жесток притисок од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој одлучи да не ги признае изборните резултати, а партијата да ги врати мандатите.

Според изворите на порталот, понудата за соработка со ГРОМ доаѓала и од поранешни функционери на партијата од т.н. „бранковистичко крило”, но Јакимовски таквите подуди за разговори ги одбивал.

05.05.2014 - 21:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега