Заев во паника пред Конгресот - СДСМ во комплетен хаос почна да мава и по своите

 

Вистински хаос и огромна поделеност владее во СДСМ по катастрофалниот двоен пораз на претседателските и парламентарните избори на 27 април. Во партијата интензивно работат две струи од кои едната дава максимални напори да го убеди членството дека Заев не е виновен за изборната катастрофа и дека тој и Шеќеринска треба да останат на чело на партијата.  Втората струја, ја предводат поранешни пратеници и истакнати членови на СДСМ кои бараат итна оставка на Заев и поставување на нов лидер кој ќе ја консолидира партијата. На страната на вторите од денеска и официјално застана Одборот за Црвенковски кој брои 32.000 членови. Тој побара од Заев итно даси замине и да ја остави партијата.
Од СДСМ веднаш реагираа. Со соопштение до медиумите, партијата информираше дека овој одбор веќе не постои и го прогласи за тело кое работи против партијата.

„Во врска со објавената информација на некои медиуми како и пренесената изјава на Наум Буревски, дека некаков си „иницијативен одбор“ бара оставка од претседателот на СДСМ Зоран Заев, Ве известуваме дека ниту таков иницијативен одбор постои, ниту пак е покрената било каква иницијатива. Ставот на Наум Буревски е негов личен став, неподдржан од никого. Причините за ваквата реакција на Буревски се на лична основа и нанесуват штета на функионирањето на партијата.

Воедно, Ве потсетуваме дека „иницијативниот одбор за поддршка на лидерот Бранко Црвенковски“ за останување на чело на СДСМ, беше формиран самоиницијативно од група на поддржувачи на тогашниот претседател Бранко Црвенковски во моментот кога тој најави оставка од лидерската позиција на СДСМ.

„Иницијативниот одбор за поддршка на лидерот Бранко Црвенковски“ кој тогаш беше формиран, не е никаков правен субјект или тело кое во континуитет функционира. По завршување на процедурата за избори на претседател на СДСМ, на почетокот на јуни минатата година, тогашниот иницијативен одбор му даде безрезервна поддршка на новоизбраниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, и со тоа тој „иницијативен одбор“ ПРЕСТАНА ДА ПОСТОИ.

Самоиницијативното постапување на Наум Буревски во име на тој иницијативен одбор што повеќе не постои, е перфиден обид за разединување на членството и нарушување на односите во СДСМ“ - велат од партијата.

Дека во СДСМ владее вистински хаос потврдуваат и бројните текстови и колумни на аналитичарите и луѓето блиски до СДСМ. Оние кои се против Заев не штедат критики за актуелното рководство, додека неговите приврзаници, меѓу кои и медиумите финансирани од СОРОС прават се за да ги одбранат позициите на актуленото раководство.

За агонијата во која се наоѓа опозицијата говори и соопштението од попладнево во кое СДСМ пред членството ја оправдува одлуката за бојкот и по својата добро позната пракса, за внатрешниот ракол ја обвинува власта.

„СДСМ е уверена дека членовите и поддржувачите на партијата ќе останат на висината на одговорноста што ја имаат како дел од најголемата опозициска партија и кон определеноста за заштита на интересите на државата и нема да влезат во сценаријата на Никола Груевски, кој на разни начини се обидува да го дефокусира вниманието од криминалниот багаж со кој влегува во формирање нова Влада“ - стои во соопштението на СДСМ

 

 

04.05.2014 - 20:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега