СДСМ во сојуз со ДУИ
СДСМ влегува во сојуз со ДУИ и станува втората македонска политичка партија која не го признава Ѓорѓе Иванов како легитмиен претседател на Република Македонија. Информацијата опозицијата ја сподели со јавноста преку писмено соопштение.
„Ѓорге Иванов е избран на функцијата претседател на Република Македонија, на криминални, нефер и недемократски избори.
Од тие причини, СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија.
Уверението што денеска го доби Иванов од член на ДИК, во отсуство на дел од членовите во највисокото изборно тело и на претседателот на ДИК, е парче хартија, коешто притоа не ја одразува на волјата на сите граѓани на Република Македонија.“ - стои во соопштението на СДСМ
Со ова, Заев му се придружува на Ахмети како втор политички лидер кој не го признава претседателот кој го избраа 500.000 гласачич на изборите минатата недела. Оправдувањето на ДУИ е дека Иванов не е поддржан и од албанското малцинство во Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа