Шок: Секој десетти Македонец е импотентен, а секоја 15-та Македонка е фригидна
Експертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот. Ако е за утеха, има и полошо - кај нашите соседи Бугарите, импотентноста е поголема - секој петти маж е импотентен. Но, да се вратиме во нашиот двор.
Секој десетти Македонец е импотентен, а секоја 15-та Македонка е фригидна. Експертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот. Како за пример кај нашите соседи Бугарите импотентностса е поголема, секој петти маж е импотентен, пишува Медиа.мк
Еректилна дисфункција (ЕД) претставува постојана или привремена неможност на мажот да постигне или одржи доволна ерекција за задоволителен сексуален однос. Оваа појава најчесто ја чувствуваат мажите по 40-тата година, но во последно време за жал кај многу млади луѓе е се позачестена. Болеста од икс причини често останува неизлекувана.
Во просек 152 милиони низ светот, односно 60 проценти од мажите на возраст меѓу 20 и 75-годишна возраст имаат вакви проблеми. Се предвидува дека до 2025 година овој број двојно ќе се зголеми.
Во Македонија импотентноста е табу тема и најчесто мажите одбиваат да разговараат на оваа тема. Праксата покажала дека жените обично кога одат кај својот гинеколог зборуваат за проблемот на сопругот. Во западните земји ситуацијата е поинаква, тие се советуваат со сексолог, андролог или уролог. Ова го потврдува проф. д-р Владо Георгиев, уролог на Клиниката за урологија и вели дека факт е дека живееме на Балканот и мажите не сакаат да си признаат дека имаат проблем со ерекцијата.
- Секоја година се зголемува бројот на пациентите кои сакаат да се лекуваат. Тие доаѓаат на Клиниката за урологија и индиректно ми кажуваат со каков проблем се соочуваат, вели д-р Георгиев. Тој нагласи дека доаѓаат пациенти од секаква возраст.
Често болеста може да биде од психичка природа, за што неопходно е консултација од психолог.
- Кај постарите лица ова може да се лекува со таблети, бидејќи современите лекови делуваат брзо, за 10 минути од земањето на таблетата тие чувствуваат моќно дејство и ги отстрануваат проблемите. Постојат и други облици на лекување, како што се вбризгување на инјекции во пенисот, вакуум пумпи, а во крајна ситуација се применува оперативен зафат со имплементација на пенилни протези. Вакви интервенции се извршуваат и во нашата земја, објаснува д-р Георгиев. Тој посочи како пример дека неодамна кај него дошол 73-годишен маж и барал да добие терапија со која ќе може секојдневно да биде сексуално способен.
Големо искуство со лекување на импотентноста има и психијатарот - сексолог д-р Павле Павлов. Кај него пациентите најчесто доаѓаат за советување во врска со проблемите што ги имаат во сексот.
- Сексот на 50 години може да биде подобар отколку на 30, затоа што на оваа возраст најчесто ние сме ослободени од секојдневните проблеми што сме ги имале во минатото, кога постојано сме биле во трка со времето и околу проблемите со кариерата, со финансиските средства или градење позиции во јавноста и општеството.
Во земјава за оваа, се уште табу тема, е отворен Интернет сајт www.erekcija.com.mk, а фармацевтската компанија Bayer HealthCare, Bayer Shering Pharma одамна промовираа и нови лекови за импотенција. Но, нема лек за тоа ако проблемот се наоѓа во главата, во немањето нагон и желба за секс што е непосредна последица на стресот, преоптеретеноста со грижи пред се заради финансиските тешкотии и чувтсвото на неуспех во работата, односите со партнерот или незадоволството од самиот себе. Проблемот е заеднички, но и решението е заедничко. Со раговор помеѓу партнерите кои веќе имале успешен секс прилично брзо се излегува од оваа состојба, но разговорот мора да биде искрен, целосен и да се однесува на критичните теми, а не да се почне и заврши колку да го биде. Ако сексот им е важен на двајцата, двајцата треба и да се погрижат тој да се случи како што треба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа