Иванов го доби уверението од ДИК за втор претседателски мандат

Новозибраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска од Државаната изборна комисија го доби уверението за нов мандат како шеф на државата.

Уверението на Иванов му го враи членот а ДИК Бедредин Ибраими.

Претседателот на ДИК Никола Рилковски иако претходно беше најавено не му го врачи уверението на Иванов, а неговиот мандат не го честитаа ниту потпретседателот Супхи Јакупи и членот Виолета Дума.

Според конечните резултати на ДИК, на гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април, Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освои 398.077 гласови.

На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список. 

02.05.2014 - 13:04
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега