Детали за состојбата на повредените - во земјава се лекуваат 89, 76 во странство

 

Релативно стабилна е состојбата на повредените во дискотеката, но не може да се каже каква ќе биде состојбата понатаму, бидејќи се уште е рано, рече денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски, во изјава за медиумите. 

Во „пластика“ имало хоспитализирано 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, Траума 2, Детска хирургија 4, Карил 14, Стара градска 12, градска општа болница „8 Септември“ 18, Штип 3, Пулмологија 2, или вкупно 89 пациенти во земјава.

Вкупно 76 пациенти се транспортирани на лекување во странство. Последни, ноќеска биле префрлени во Хрватска, Словенија и Виена по двајца, тројца во Атина.

Планирани биле уште префрлувања во странство. Во Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија. 

Стигнати биле доктори од неколку странски земји. Докторите од Белгија биле на терен и правеле анализа на најтешко повредените на КАРИЛ. Од Израел дошле неколкумина а се очекуваме уште неколку, ќе биле распределени во Клинички центар и ,,8 Септември". Пристигнале и по шест доктори од Чешка и ВМА од Белград. 

Андовски соопшти дека од шест пациенти во Анкара од кои првично пет биле интубирани, сега биле екстубирани, значи состојбата им се подобрила. 

18.03.2025 - 11:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега