Какво време не очекува викендов

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, но и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 4°C до 10°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°C до 24°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер. Утринската температура од 8°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 22°C.

Во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 12°C до 23°C.

Во недела ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер кој попладне ќе премине во северозападен, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11°C односно до 20°C.

02.05.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега