Девет сообраќајки за Први мај - еве што се случувало на улиците
Во текот на изминатите 48 часа на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 22 сообраќајни незгоди.
Во среда, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак и 11 незгоди се со последица материјална штета.
Вчера за време на Први мај, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден возач на мотоцикл и еден пешак, и шест се со последица материјална штета.
Во текот на двата дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четири возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и девет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.
Претстојниот викенд во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија на падините на Водно, поточно на патот за Средно Водно на потегот од Олимписко село до Средно Водно ќе се одржи меѓународен натпревар во автомобилизам, и тоа во сабота на 3 мај, со почеток во 12 часот ќе се одржи неофицијалниот и официјалниот тренинг и во недела, на 4 мај, во истото време ќе се одржи и официјалниот натпревар. За таа цел по барање на организаторот во времето од 9 часот па се до завршување на натпреварите, односно до 16 часот, сообраќајот ќе биде затворен во овој дел од сообраќајницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа