Честитка од СДСМ по повод Меѓународниот ден на трудот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев упати честитка до сите граѓани на Република Македонија по повод Меѓународниот ден на трудот – 1-ви Мај, изразувајќи надеж дека „во иднина ќе се вреднува трудот на работникот“.

- Водејќи се од основните социјалдемократски вредности на слобода, еднаквост и солидарност, СДСМ продолжува  да се заложува за зачувување и унапредување на правата на работниците, како преку своите програмски решенија, мерки и определби, така и преку активно дејствување во граѓанската борба за работничко достоинство, вели Заев.

Неопходно е, додава тој, приоритет на државата да биде социјална заштита и праведност за сите, економска безбедност, праведна распределба на животните можности и рамноправност.

01.05.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега