Се наплатува влезот во националниот парк „Пелистер“

Националната установа Национален парк „Пелистер“-Битола почна да ја применува одлуката на управниот одбор и менаџментот на таа установа со која од денеска се наплатува влезот во националниот парк.

- Од денеска, 1-ви мај,  се наплаќа влезница со паркинг и тоа се однесува само на посетителите кои користат автомобили, комбиња и автобуси. Влезницата чини 50 денари за гостите кои во паркот сакаат да престојуваат со свој автомобил и моторциклистите, 80 денари чини влезот со комбе до 20 седишта и 150 денари за автобуси. Собраните средства ќе се реинвестираат за инфраструктура, еколошка и хигиенска потреба, како и за подобрување на туристичката понуда, истакна Пеце Цветановски, задолжен за односи со јавност од таа установа.

Од НУ Национален парк „Пелистер“-Битола информираат дека во следна фаза ќе биде воведено и наплаќање и за кампирање во паркот, но претходно треба да се создадат услови за таа услуга.

Инаку, собраните средства ќе се користат за непрофитни цели, односно ќе се реинвестираат во туристичката понуда на националниот парк.

01.05.2014 - 11:29
Фото: 
дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега