Демонстрантите во Кочани го демолираа кафулето чиј газда е и сопственик на диското Пулс
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Во Кочани во тек е протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи рано утринава во неделата.
Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“....
17.03.2025 - 18:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа