Какво време не очекува утре?

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно и топло со сончеви периоди, а во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

 

 

30.04.2014 - 23:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега