Откриена тајната на смртта

 

Откриена тајната на смртта. Научници од Холандија во нивното последно истражување ја откриваат тајната на смртта.

Благодарение на современата медицина, луѓето живееат подолго, но сепак наулата неможе да вети долговечност. Има истражувања кои се обидуваат да ги открихата процесите во организмот кои предизвикуваат страреење.

Научниците направиле анализа на крвта на некогашната најстара жена на светот холанѓанката  Хендрик ван Андел Схипер која почина во 2005 година на 115- годишна возраст, дава два можни одговори. Дури и во најголемата старост таа имала здрав дух и здраво тело. Се уште не се познати причините за смртта, бидјќи анализите биле речиси совршени.

На 85 години таа ветила дека ќе го даде своето тело во името на науката, но под услов дека сите резултати ќе бидат јавно обелоденети. Речиси 30 години подоцна одлуката на повозрасната жена им овозможило на научниците да ги истражуваат нејзините “супер гени”. Резултатите покажуваат дека должината на животот зависи од способноста на матичните клетки да го задржат секојдневниот процес на ажурирање на ткивата.

Кога во еден момент тие ќе ја достигнат границата на животот и почнат да умираат, виталните органи и крвни клетки престануваат да се обновуваат. Крвните примероци покажуваат дека во крајот на животот опстануваат само две активни матични клетки кои произведуваат бели крвни зрнца. Тоа значи дека речиси сите матични клетки, со кои сме се родиле, изумреле.

“Мислев дека тоа е невозможно”, рече научникот Хене Хостеге од Амстердам.

Кога ќе се роди, човек има околу 1300 активни матични клетки во крвта, кои постојано се делат и така се регенерира крвта. ”Тоа значи ли дека постои граница за поделбата на клетките, а со тоа и граница на човековиот живот? Дали би можело да се продолжи резервите и така да живееме подолго? На сите овие прашања се обидоа да одговорат холандските експерти.

 

Тие откриле уште еден доказ дека организмот се исцрпува и матичните клетки исчезнуваат. Анализите покажуваат дека теломерите, заштитните врвови на хромозомите на матичните клетки во крвта значително се трошат. Теломерите се намалуваат во текот на целиот живот со секоја поделба на клетките. Кога ќе станат премногу кратки, делбата на клетките веќе не е можна и тие умираат. Се смета дека токму во тоа се крие биолошкиот часовник, кој ја одредува смртта на матичните клетки.

Научниците сметаат дека истражувањето отвора можност за подмладување на телото со инјекции од матични клетки. 

 

 

 

30.04.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега