Повторно невреме во Македонија: Пороен дожд ветер и грмежи
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд, зголемена облачност и со услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб повремен локален дожд, а попладне со зголемена облачност, нестабилност, со пороен дожд и со појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Во наредите денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но и со повремен дожд. Во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност, со пороен дожд проследен со грмежи. Температурата во однос на другите денови нема многу да се менува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа