Студенти на ФЕИТ освоија прва награда на меѓународен студентски натпревар
Тим студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии освои прва награда и златен пехар на меѓународниот студентски натпревар „Robo TEC“ организиран од Политехничкиот универзитет во Темишвар, Романија од 10 до 14. април оваа година.
Александар Лазаров и Мартин Стојановски, студенти на насоката ЕРПС при Институтот за електроника на ФЕИТ, ја примија наградата од претседателот на стручното жири професорот Хуберт Рот од Универзитетот во Сиген, Германија, пренесе МИА.
На натпреварот учествуваа околу 300 студенти и 21 екипа во четири дисциплини. Освен тимот на ФЕИТ, на натпреварот учествуваа екипи од пет романски универзитети, од Темишвар, Ореада, Хунедоара, Решица и Клуж-Напока.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа