Ќе се спасиме ли од дождот? - еве што ќе се случува со времето деновиве

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Особено поголема нестабилност би требало да има во северните делови на земјава каде ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје попладне ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, со грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во наредните денови не се очекува позначителна промена на временската состојба. Ќе продолжи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во попладневните часови со пороен дожд и со грмежи.

Кон средината на неделата интензитетот на врнежите ќе се намалува, а ќе има и повеќе сончеви периоди. Температурата ќе биде во постепен пораст. 

27.04.2014 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега