Еве како Пендаровски ја витка кичмата: Во Приштина го фали Косово, а ја критикува Македонија (ВИДЕО)

 

Човекот кој се кандидира за претседателската позиција и чија првенствена задача би била преставување на државата во странство погледнете како на отворена сцена пред косовската јавност ја критикува својата земја за сметка на Косово.

Пендаровски во предавањето вели дека скопската влада ги потценувала билатералните односи, гледала само за себе и не размислувала за соседството.

-Цврсто верувам дека билатералните односи се многу потценети од скопската влада. Во Македонија има половина милион Албанци. Скопје и Приштина се на 90 километри оддалеченост, а се стигнува за 90 минути. Но вие имате план да преземете нешто, ние немаме план во оваа област. Не размислуваат за иднината на луѓето, само на својата лична иднина, вели Пендаровски во предавањето.

Тој потенцира дека неговата главна загриженост е зошто неговата влада и неговата земја не оделе напред. Наспроти сите извештаи на релевантни меѓународни институции и угледни политичари дека Макеоднија е лидер во регионот во економската сфера, Пендаровски не мисли така и вели дека тоа е Албанија.

-Секогаш велам дека во нашиот регион Република Албанија има највисок економски раст, најголем пораст на БДП во изминатите пет години. Јас сметам дека моменталната власт во Македонија нема да ги подобри односите со ниеден од нашите пет соседи. Според мене, не сме доволно присутни во западниот регион од Балканот. За тоа е виновна моменталната Влада и моменталниот претседател, кои го заборавија регионот во изминатите пет до седум години, вели Пендаровски.

Наспроти ваквите тврдења на Пендаровски дека македонската влада и претседателот ги потценувале билатералните односи, претседателот Ѓорге Иванов во своите настапи често потсетува дека во својот мандат имал  21 средба со претседател на Република Албанија, 6 средби со претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, 9 средби со претседател на Република Бугарија, 12 средби со претседател на Република Косово, 3 средби со претседателот на Романија, 7 средби со претседател на Република Словенија, 17 средби со претседател на Република Србија, 6 средби со претседателот на Република Турција, 14 средби со претседател на Република Хрватска, 17 средби со претседателот на Црна Гора.

25.04.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега