Управните служби на МВР ќе работат и викендов

Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот. Во сабота низ цела држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 08,30 до 16,30 часот.

Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27 април), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите uправни служби од 07.00 до 19.00 часот, но само за издавање документи.

- Сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе може да извадат документи за да им биде овозможено гласањето, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. 

25.04.2014 - 12:25
Фото: 
пинг.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега