Работи подземјето: Вчера беше осомничен за убиство - денеска пронајден мртов на гробишта

Вчера беше осомничен за убиство, денеска е мртов. Работи српското подземје. Претпладнево на централните гробишта во Белград полициајта го пронашла телото на 57 годишниот Перица Вулетиќ, кој вчера се сомничеше дека е вмешан во пукањето во кое беше убие 33 годишниот Бојан Смиљковиќ, кој му беше телохранител на српскиот бизнисмен Предраг Ранковиќ.
Според првичните информации кои ги лиферуваат српските медиуми, Перица најверојатно се самобуил, бидејќи првичниот увид на местото, дава таков впечаток. Сепак, никој не може да ја исклучи можноста дека станува збор за наместена сцена, со оглед на тоа дека и вчера убиениот Смиљковиќ и е добро познат на полицијата а бил осуден и на затвроска казна откако од автомобил пукал на заштитен сведок.

25.04.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега