Нова примамлива понуда од ВИП

Слушајќи ги потребите на корисниците за слободна и неограничена комуникација, како и потребата за современи уреди за непречајно остварување на истата, Вип го збогатува своето потфолио на производи со  iPhone паметните телефони.

Од денеска, во Вип корисниците ќе можат да одберат iPhone паметни телефони кои ќе им бидат достапни на македонските граѓани по цени започнувајќи од 0 денари за моделот iPhone 4S (верзија од 8GB) во тарифниот модел Vip Free + Nolimit + со договорна обврска на 24 месеци. Освен овој модел во понудата ќе бидат достапни и моделите iPhone 5S (верзија од 16GB) и iPhone 5C (верзија од 8 GB).

- Воведувањето на многу посакуваните iPhone паметни телефони во портфолиото на Вип претставува уште една потврда дека Вип секогаш и на секој можен начин настојува да ги препознае и пресретне барањата на своите корисници. Во неколку наврати веќе докажавме дека им ги нудиме на македонските граѓани современите технолошки достигнувања во индустријата по најповолни цени и со сигурност ќе продолжиме да ја следиме таа насока и во иднина, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.  

Најновата понуда - iPhone за 0 денари е достапна во сите Вип центри ширум Македонија и е реализирана во соработка со Телеком Австрија Групацијата, чиј член е и Вип оператор

25.04.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега