Таткото на Марко не може ни да оди - цела Србија завиена во црно

Младото момче Марко кое беше убиено на големиот христијански празник Велигден во училишен двор, вчера во вечното живеалиште, со солзи во очите и неизмерна тага го испратија повеќе од 1.500 лица, роднини, пријател, соученици...

Марко беше испратен со звуците на песната “Tiho noći” на гробиштата во Калуѓерица.

За потсетување, момчето беше убиено во училишен двор, кога тргнало да си оди дома. Куршумот го погодил од зад грб, поминал во градите и стигнал до брадата. За неговото убиство е осомничен неговиот постар брат и уште две лица.

Семејството и најблиските се скршени од болка. Таткото не можел ни да оди, го носеле на раце, а мајката постојано викала како ќе живеам без синот...

 

25.04.2014 - 09:38
Фото: 
ало.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега