Мажите збеснаа по оваа интимна фризура

 
Настојувајќи пред се да ги задоволат желбите на своите партнери, жените со години им ги исполнуваат желбите на своите мажи и ја подложуваат својата бикини зона на разни третмани и депилации. Но, дека веќе му помина времето на украсување и обликување во најразни форми или целосно измазнување на интимниот предел, доказ е и најновото истражување според кое трендот од 70-те, оној природен „бушав“ изглед, во моментов е еден од најпосакуваните.
 
Докторката У. К. Медих, неодамна пред јавноста ги изнесе резултатите од анкетата во која учевствувале повеќе од милион и пол жени. Повеќе од 54 проценти од нив откриле како својата бикини зона не ја стилизитаат, додека останатите 46 проценти од испитаничките признале како не сакаат да го губат времето со одржување на срамните влакна.
 
Дека екстремните третмани за разубавување на интимната зона веќе не се толку интересни потврдиле и мажите на кои очигледно започнал да им недостига оној природен изглед на меѓуножјето.
 
Така, анкетата покажала како бразилската депилација веќе со години не им е интересна на мажите, и дека природниот изглед со минимална интервенција им е многу попривлечна.
24.04.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега