Работилница „Говорот на омраза меѓу младите“

Во Ректоратот на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе се одржи работилницата на тема „Говорот на омраза меѓу младите - моментална состојба и предизвици“,  во рамки на Националната кампања против говор на омраза, на која ќе присуствува министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска.

Работилницата е организирана од Студентскиот парламент на Скопскиот универзитет и Агенцијата за млади и спорт.

Целта е да се презентираат целите и досегашните активности, како и следните активности од проектот.

 

24.04.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега