МЕТЕОАЛАРМ: Цела Македонија во жолта предупредувачка фаза за невреме

Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Во доцните попладневни часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 11°C до 21°C.

Европката метеоролошка служба издаде предупредување во жолта фаза.

Нестабилното време со врнежи од дожд и грмотевици ќе продолжи и во петок. Поинтензивни и поројни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува умерен северозападен а во западните предели умерен западен и северозападен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C до 20°C.

Во сабота во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи во источните предели ќе има попладне, а во западните предели во попладневните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 12°C, а дневните температури од 9°C до 18°C.

23.04.2014 - 23:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега