Претерале со прославата па ја застрелале соседката

14- годишната М.М од Србија била ранета синоќа додека била во дворот на својата куќа на улицата Максим Горки. Инцидентот се случил кога нејзините соседи прославувале и испукале неколку куршуми при што едниот завршил во неа.

По брза интервенција на полицијата беа идентификувани пет мажи, кои се верува дека поседувале оружје за време на прославата. "Против M.Г. (1987), Џ.Г. (1967), Т. Г .(1972), М. Г . (1961) M.Ш. (1960) ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело и недозволено поседување на огнено оружје и експлозиви.

Ранетото девојче се здобило со лесни телесни повреди, сместена е во болница и нејзината состојба за сега е стабилна.

23.04.2014 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега