Уште еден ужас на Балканот: Го масакрирал татка си за стан!

Уште еден ужас го потресе светот. 41-годишниот Раденко Младиќ од Босна се сомничи дека си го масакрирал сопствениот татко, за да му го земе станот. Се работи за 67-годишниот Спасое Младиќ кој долги години работел во Словенија, а  пред неколку дена се вратил, за да му го препише станот на својот син, за кој напорно работел со години.

Сепак, синот "добро се подготвил" за пречек на својот татко, па купил секира, и се решил да го убие за станот да му припадне нему. Таткото му рекол дека се предомислил и дека станот ќе му го препише на неговиот син, односно на својот внук, но тоа толку го разбеснило Раденко, што ја земал секирата и го измасакрирал татка си.

За да прикрие дека го убил, синот му ги исекол прстите и сакал да му ја отсече и главата за никој да не забележи за кого се работи. Глетката била ужасна.

Додека се собираат доказите синот ќе остане во притвор.

23.04.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега